Тунел со кружен тек долг 11 километри, кој спојува два од 18. Фарски острови, е изграден на дното на Атланскиот Океан и ќе биде отворен за неколку недели. Архитектите велат дека кружниот тек под вода не е само функционален, туку е и вистинска архитектонска скапоценост. За неговото уредување се погрижил фарскиот уметник Трондур Патурсон.
Најниската точка на тунелот се наоѓа на 189 метри под морската површина. Фарскиот парламент во 2014 година ги одобри плановите за изградба на тунелот, кој е втор по големина во светот.
Тунелот ќе го скрати времето на патувањето меѓу двете места од 64 на само 16 минути, односно од 55 километри патување на 17 километри.