Видео снимка од папата Франциско стана вирална по социјалните мрежи и ги насмеа милиони корисници ширум светот. За време на посетата во италијанскиот град Лорета, папата ги тргаше своите раце од сите оние кои се обидуваа да се поздрават со него и да го бакнат неговиот прстен.
Поради ваквата негова реакција, Поглаварот на Римокатоличката црква наиде на критику кај голем број конзервативни верници, кои коментирале дека папата има намера во иднина да ја искорени ваквата традиција.
Медиумите во Ватикан пренесуваат дека папата тој ден ги одбил сите вереници кои се обиделе да го бакнат прстенот. На видеото се гледа дека папата на почетокот не се противел на поздравувањето. Девет лица и го прегрнале, а поздравувањето на моменти и се забрзало.
„Понекогаш тоа му одговара, а понекогаш не. Само за тоа станува збор“, изјавил еден близок соработник на папата кој сакал да остане неименуван.
Pope Francis repeatedly pulls his hand away as faithful attempt to perform traditional sign of respect https://t.co/F6A4Vnh8zy pic.twitter.com/FaBwO0LuCz
— Daily Mail Online (@MailOnline) March 26, 2019