(Видео) Патник нападнал кондуктерка во автобус оти му рекла да стави маска

Безбедносните камери поставени во автобус во Русија, снимиле како патник удира кондуктерка по главата, бидејќи таа му рекла дека мора да носи заштитна маска додека се вози. Мажот влегол во автобусот иако немал маска, па кондуктерката му дала една. Но, пред да се симне на својата станица, тој ѝ пришол на жената и ја удрил во глава.

Кондуктерката била испретена во болница, но имала само полесни повреди.

Руската полиција три дена по инцидентот го пронашла насилникот, кој бил уапсен и му бил одреден притвор од две недели.

Scroll to Top