(Видео) Педесетина деца влечат свештеник во „Порше“ низ улиците на Малта

Голем скандал изби во Малта откако во јавноста се појави снимка на која повеќе од педесет деца влечат порше во кое се наоѓал свештеникот по име Џон Султан (47).

Снимката која се појавила на социјалните мрежи, а на која се гледа како децата го влечат свештеникот низ улиците во местото Зебуг предизвика негодување и осуда кај пошироката јавност.

Коментарите и јавните критики сепак не го погодиле премногу Султан кој изјавил дека ваквата постапка не претставува проблем и дека некои од коментарите не биле на место, пишува „Тајмс оф Малта“.

Scroll to Top