Пешачки мост се сруши во Москва, пренесуваат светските медиуми. Во несреќата повредени се 51 лице, потврдил директорот од руското министерство за вонредни ситуации.
Директоратот на руското министерство за вонредни ситуации, ја потврдил бројката на повредени лица, за време на колапсот на надземниот пешачки премин во Московскиот регион.
Повредените веднаш биле префрлени во различни болници, а некои од нив на лекар се пријавиле и самоиницијативно, пренесува ТАС. Надземниот пешачки премин се срушил во градот Ступино во близина на Москва, а според прелиминарните податоци, до несреќата дошло поради преоптеретување.
Надлежните претходно пријавиле дека во несреќата се повредени 39 лица, а до 18 биле во критична состојба. Засега не се пријавени смртни случаи.