(Видео) Петте најопасни аеродроми во светот

Постојат неколку аеродроми во светот кои се изградени на специфични и опасни места и пилотите поради кратките и тесни писти имаат проблем да слетаат. Некои од пистите завршуваат со бездна, а пилотите се жалат и на проблеми со лошата видливост и недостигот на осветлување.

На некои од овие аеродроми, тие летаат многу ниско над населени места, пред да се приземјат. Најмногу се плашат да слетаат на аеродромите „Лука“ во Непал, „Мадеира“ во Португалија, „Куршевел“ во Франција, „Бара“ во Шкотска и станицата „Мек Мурдо“ која се наоѓа на Антарктикот.

Секое летање на овие писти е чисто коцкање со животот, велат пилотите. Некои од овие пистите се мали, покриени со лед и песок и немаат никаква прегледност во текот на ноќта, затоа што немаат осветлување. Лошата видливост, планинските предели и морските гребени исто така се дел од проблемите со кои тие се соочуваат.

 Ова се петте најопасни аеродроми на светот:
 

1. Аеродромот „Лукла“, Непал
 
Аеродромот „Лукла“ се наоѓа во Непал и за него постојат приказни дека патниците секогаш аплаудираат кога пилотот успешно ќе го приземјат авионот. Сите се исплашени затоа што пистата е тесна и кратка и нема многу простор за маневар. Таа е изградена на височина од 2842 метри и една од оние кои се наоѓа на најголема височина.
2. Аеродромот „Мадеира“, Португалија
Аеродромот „Мадеира“ се наоѓа во Португалија, а популарноста ја има стекнато кога бил преименуван во името на најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо. Аеродромот е познат како трет најопсен во Европа поради тесната писта и силните ветрови кои доаѓаат од морето.
3. Меѓународниот аеродром „Куршевел“, Франција
Овој аеродром се наоѓа во градот Куршевел, во француските Алпи. Се наоѓа на планинско подрачје и има кратка писта од само 537 метри. Тука постојано има магла што прави слетувањето да биде невозможно.
4. Аеродромот „Бара“, Шкотска
Аеродромот „Бара“ стекнал епитет на еден од најопасните во светот, затоа што пистата се наоѓа на плажа. Високата плима може да го поремети редот на летање, а понекогаш возачите на автомобилите кои се наоѓаат на паркингот ги палат светлата, за да им помогнат на пилотите за време на слетувањето.
5. Станица „Мек Мурдо“, Антарктик
Овој аеродром се наоѓа на Антарктикот. Сите три писти на станицата „Мек Мурдо“ се направени од мраз. За време на зимата, која некогаш трае со месеци, пилотите мораат да слетуваат во мрак и користат опрема за ноќно слетување.

Scroll to Top