(Видео) Пијана медицинска сестра возела 11 километри во спротивна насока

Пијана медицинска сестра возела 11 километри по автопат во погрешна насока. Сестрата Ема Дејвис се обидувала да ги избегне возилата, па завртела полукружно и се вратила во нормалниот правец на движење. За среќа, таа не предизвикала ниту еден несреќа на патот додека возела во спротивната насока.

Таа била запрена и одведена во полиција, каде што признала дека пиела вино пред да почне да вози по автопатот М4 кон својот дом во близина на Кардиф во Велс. Медицинската сестра, вработена во болница за ментално здравје, ја признала вината, а алко тестот покажал дека во крвта имала двојно повеќе алкохол од дозволеното.

Таа е осудена на 12 месеци општествено корисна работа и парична казна од 920 фунти.

Scroll to Top