(Видео) По седум години, падна снег во Ерусалим

По седум години, заврна снег во Ерусалим, пренесуваат светските медиуми. Во текот на ноќта израелскиот град беше погоден од снежна бура, јавува „Ројтерс“.

Снежната бура почна во средатата вечерта по што градските власти ги забранија сите видови јавен превоз и го блокираа главниот пат што води кон Ерусалим.

Интензитетот на врнежите опаднал во текот на ноќта, па градските служби најавија дека ќе го вратат во погон јавниот превоз.

„Дојдовме во Тел Авив за да си играме на снегот. Ова е ретка можност да се види снег во Ерусалим. Последен пат ми се чини дека заврна во 2013 година“, изјавил Бен Милер, еден од жителите.

Scroll to Top