(Видео) Политичар ликвидиран додека правел селфи

Поранешниот градоначалник на Пиедрас Неграс, 43-годишниот Фернандо Пурон, бил ликвидиран за време на предизборната ноќ додека правел селфи со своите избирачи.

Мексиканскиот политичар бил познат по борбата против организираниот криминал. Неговиот убиец му се доближил зад грб и од непосредна близина го застрелал во глава. Пурон починал на пат до болницата, а по напаѓачот сѐ уште се трага.

Пурон бил познат по својата борба против мексиканскиот картел Лос Зетас. Поради своето политичко дејствување, добивал многубројни смртни закани.

Уште во 2016 година му била испратена порака дека за две години ќе биде убиен.

Од септември 2017 година, кога во Мексико започнал изборниот процес, убиени се 112 политичари што се кандидирани на претстојните избори.

 

 

Scroll to Top