(Видео) Полицаец спаси едномесечно бебе, откако непознат маж го фрли од зграда

Полицискиот службеник Едуардо Матуте од Њу Џерси, спаси едномесечно бебе кое непознат маж го фрлил од балкон. Полицијата во Њу Џерси добила повик дека бебето е во опасност, а кога стигнале на лице место, мажот се заканил дека ќе го фрли од балконот.

Откако не успеале да го одговорат, човекот го фрлил, а полицаецот Едуардо матуте, успеал да го фати, пренесува „Си-ен-ен“. Мажот веднаш бил уапсен и сега е обвинет за обид за убиство, тежок напад и загрозување на безбедноста на детето.

На твитер-налогот на Њу Џерси, објавена е фотографија од детето и полицаецот кој го спасил.

 

 

Scroll to Top