(Видео) Полицајци спасија жена што се фрли од 15. кат

Полицаецот Павле Бојарчук, од Киев, успеа да спаси жена која се фрли од 15 кат од зградата во која живеела. Павле со неговиот колега Александар Головитски стигнале на местото на настанот, откако примиле повик дека некоја жена сака да се самоубие.

Кога стигнале до жената, таа ја пуштила оградата, па благодарение на брзата реакција на Павле, успеале да ја спасат. Додека Павле грчевито ја држел за рака, соседите од 14 кат ја фатиле ја држеле за нозете. Брзо потоа стигнала и другата патрола, а камерата на еден од полицајците го снимила настанот.

Од страв дека повторно ќе се обиде да скокне, полицајците и ставиле лисици на жената, додека ја чекале итната помош. Жената била префрлена во болница. Засега не е познато зошто се обидела да се самоубие.

 

 

Scroll to Top