Полицијата во Америка го уби 22-годишното момче Шон Монтерос, пренесуваат светските медиуми. Латиноамериканецот бил на колена кога полицијата испукале пет куршуми во него. Убиството се случило во вторникот утрото, во округот Ваљехо, додека полицијата се обидувала да спречи грабеж во една од продавниците.
Полицијата тврди дека Шон трчал ко полицискиот автомобил и дека изгледал како да е вооружен.
„Се чини дека поединецот трчаше кон црната лимузина, но изненадувачки застана и клекна на земја. Ги стави рацете зад грбот, но изгледаше како да држи пиштол“, изјавил шефот на полицијата Шони Вилијамс.
Монтерос не носел со себе пиштол, туку чекан.
„Еден од полицајците претпостави дека е оружје и го сметаше за закана, па испука пет куршуми од полициското возило низ ветробранското стакло“, изјавил Вилијамс.
Во ова место веќе се случи сличен инцидент минатата година. Тогаш, 20-годишниот Вили Мекој, млад музичар, бил застрелан од шест полицајци, додека спиел во својот автомобил.
WHAT IS A POTENTIAL LOOTER. HE WASNT EVEN TOUCHING IT.
WE WANT ANSWERS pic.twitter.com/pQ1byh9dK8
— Mars🧚🏽♀️ (@marsonlife) June 4, 2020
Being a “potential looter” is not Sean Monterrosa’s story. This is a huge loss for our community. This is someone who wanted equity for the people in his community. #justice4sean pic.twitter.com/LaCA3uKEvA
— Mars🧚🏽♀️ (@marsonlife) June 4, 2020