(Видео) Поранешната жена на Елтон Џон се обидела да се убие на нивниот меден месец

Поранешната сопруга на Елтон Џон, Ренате Блауел, се обидела да се самоубие на нивниот меден месец во 1984 година, пренесува Би-би-си. Тие се повикуваат на документи доставени до Високиот суд во Лондон.

Блауел вели дека се предозирала со валиум кога нејзиниот сопруг ѝ рекол дека бракот не функционира и дека сака да си замине на третиот ден од нивниот престој во Сен Тропе.

Тврдењето на Блауел беше дел од нејзината тужба против пејачот поднесена претходно оваа година. Таа од Џон бара 3 милиони фунти отштета, наводно поради кршење на условите на нивниот договор за развод откако тој го спомнал нивниот брак во неговата автобиографија и во филмот „Рокетмен“.

Таа вели дека тоа ги влошило нејзините долгогодишни проблеми со менталното здравје бидејќи се нашла во медиумите и во центарот на вниманието на јавноста, па дека потрошила илјадници фунти на терапија.

Нејзиниот адвокат наведе и неколку обиди за самоубиство и серија напади на паника за време на нивниот брак како доказ за долгогодишните ментални проблеми од кои страда неговиот клиент.

Блауел, која е инженерка за звук по потекло од Германија, била во брак со музичарот четири години, а го држеа далеку од очите на јавноста уште од 1988 година кога тој официјално им заврши.

Адвокатите на Елтон Џон потврдија дека постои договор за развод, кој беше потпишан од обете страни, но отфрлија какво било прекршување на условите или нанесување психолошка штета.

Елтон Џон денес е среќно оженет со Дејвид Фурниш и имаат две деца.

Scroll to Top