Ана Руцнер, го преработи најпопуларниот хит оваа година, песната „Despacito“. Освен што засвире, Ана и запеја и целосно ги воодушеви обожавателите.
„Посветена на него…“, тајно порача Ана во описот на сензуалниот спот кој ги собра сите пофалби.
„Прекрасно!!! Спотот е толку едноставен, а од друга страна, толку страствен и емотивен!!!“, „Ана вашиот шпански е совршен“, „Значи совршено! Подобро од оригиналот! Жена, мајка кралица. Останав без текст…“, „Не го сакам овој хит… но оваа изведба ме воодушеви“, се само некои од реакциите на нејзината преработка.