(Видео) Потрошил 30.000 долари за да изгледа како Мајкл Џексон

Лео Бланко од Буенос Аирес, кој има 22 години, потрошил околу 30.000 долари на пластична операција во обид да личи на кралот на попот Мајкл Џексон.

Малдиот аргентинец кој имал желба да се трансформира во неговиот музички идол, бил подложен на хируршки интервенции 11 пати.

Бланко вели дека е само еден од неколкуте илјадници луѓе ширум светот кој сакаат да изгледаат како Мајкл Џексон, но она што него го одвојува од другите е целосната опсесија со ликот и делото на кралот на попот.

Аргентинецот почнал да ја следи работата на Мајкл Џексон кога имал 15 години и од тогаш бил опседнат да изгледа како светската музичка ѕвезда, пренесува cdm.me.

Во тие години Бланко вели дека за прв пат бил подложен на операција, а во наредните години уште десетина пати бил на операцина маса. За да го добие идентичниот изглед како Џексон, Бланко вели дека ќе отиде уште неколку пати на операција, додека во целост не биде задоволен од својот изглед.

 

View this post on Instagram

 

45 grados ! #leoblanco #michaeljackson #kingofpop #michaeljacksonfan

A post shared by Leo Blanco (@leoblanco1) on

Scroll to Top