(Видео) Пратеник суспендиран затоа што се галел со партнерката за време на седницата

Пратеник во Аргентина бил суспендиран откако камерата го снимила како се гали со неговата партнерка за време на виртуелната седница на пратениците од долниот дом на конгресот.

За време на специјалната седница на која неколку пратеници присуствувале во живо, а повеќето преку видеолинк, политичарот Хуан Емилио Амери бил снимен како седи и разменува нежности со својата партнерка.

По инцидентот, кој стана вирален на интернет и предизвика незадоволство во јавноста во Аргентина, пратениците гласале Емилио да биде суспендиран.

Емилио бил пратеник од северната провинција Салта во владејачката коалиција. Тој за едно локално радио изјавил дека се чувствува лошо за тоа што се случило.

Тој додал и дека неговата интернет-конекција била лоша и дека не бил свесен дека бил снимен додека бил со неговата партнерка, пренесува „Ројтерс“.

Владејачката коалиција во соопштението навело дека ќе ја повикаат комисијата и дека наскоро ќе ги одредат конечните санкции за Емилио.

Scroll to Top