(Видео) Пред 53 години полета првиот патнички авион „боинг 747“

Пред точно 53 години полета првиот патнички авион „боинг 747“. Летот се случи на деветти февруари далечната 1969 година, а овој ден беше одбележан во историјата во патничката авијација на интерконтинентални летови.

Со авионот пилотираа Џек Вадел и Брајен Вајгл, а со нив во пилотската кабина беше инженерот Џек Волик. Тие полетаа од аеродромот во Сиетл. Леталото го разви покојниот Џо Сатер, кој наречен тактото на „боинг 747“.

Тој успеа да го создаде во рекордно време од само 29 месеци од кога почнало неговото проектирање. Првиот лет бил планиран да се одржи на годишнината од историскиот лет на браќата Рајт, настан кој се случил на 17 декември 1903 година.

Но, поради доцнењето во производството, овој настан бил одложен. Првиот прототип „747“ бил наречен по локацијата на фабриката во која истиот бил направен „Град Еверет“.

„Боинг 747“ со сериски број N7470 бил пробно летало за другите типови на летала како што се „757“ и „777“. Ова летало било пензионирано во 1993 година, откако поминало 12.000 часа во воздух.

„Боинг 747“ е еден од најпрепознатливите патнички авиони во светот и ќе остане запаметен по тоа што направил револуција во воздушниот сообраќај. Тој овозможи за со еден лет се пренесат стотина патници. Од компанијата „Боинг“ досега изработиле 1500 примероци од ова летало.

Сите се изработени во различни варијанти и нема место во светот каде овој авион не се наоѓа. Дури два претседатела, на две суперсили го користат „боинг 747“ како претседателски авион.

Своја примена ова летало најде и во карго транспортот, а деновиве повторно е виден како префла воена опрема од САД во Украина.

Scroll to Top