(Видео) Премиерката на Данска се расплака за време на посетата на фарма каде се убиваат животни

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, се расплака за време на нејзината посета на една фарма, на која биле убиени милиони животни, пренесуваат тамошните медиуми.

Мете ја посети фармата по владината одлука да се убијат 17 милиони животни, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Опозицијата побара од неа да си поднесе оставка и да се гласа за недоверба на владата во парламентот, по наредбата да се уништи цела популација на визон (животно кое се лови заради крзното). Наредбата на владата беше донесена во ноември.

Подоцна принзаа дека истата била нелегална. Властите открија вирус на ковид 19 на стотина фарми, како и нов тип на вирус за кој се сомневаат дека би можел да ја загрози ефикасноста на вакцината.

Говорејќи за штетата која е нанесена на инвеститорите кои целиот свој живот се занимаваат со оваа работа, Мете со трепелив глас изјави дека била потресена.

Одлуката за уништување на цела популација на визони, која е една од најголемите во светот и исклучително ценета поради квалитетното крзно, ја донесе владата во тешка позиција, откако признала дека немала законска основа да нареди убивање на здрави животни.

По неколкуте турбулентни недели од одлуката, министерот за земјоделие си поднел оставка, откако внатрешната истрага открила пропусти во политичкиот процес.

Данска ја предложи забраната за одгледување на визони во земјата до 2022 година. Претседателот на здружението за одгледување, изјавил дека индустријата која вработува 6000 луѓе и го извезува крзното во вредност од 800 милиони долари годишно, е уништена.

Од опозицијата тврдат дека уништувањето на визоните не смеело да почне, пред да се донесат плановите за комензација на сопствениците и работниците на 1100 фарми.

Scroll to Top