(Видео) Премиерката на Нов Зеланд ладна ко туш додека тресеше земјотрес на прес со новинарите

By

Премиерката на Нов Зеланд, Џасиндa Ардерн, не се исплаши на прес-конференцијата со новинарите од силниот земјотрес што вчера го потресе главниот град Велингтон.

Таа додека одговараше на прашањата на новинарите за коронавирусот, само за момент подзастана , а потоа ладна ко туш побара од новинарката да го повтори прашањето, затоа што не ја слушна и продолжи како ништо да не се случило.

Земјотресот бил со јачина од 5,9 степени по Рихтер, со епицентар 35 километри југозападно од градот Таумарунуи, соопштија од центарот за геолошки истражување Геонет, во Нов Зеланд, пренесе „Ројтерс“.

Ќе ви се допадне