(Видео) Премиерот прокриумчарил чоколадо во парламентот, па морал да се извинува

Премиерот на Канада Џастин Трудо е фатен како јаде чоколадо за време на маратонското гласање во парламентот. Откако го фатија другите пратеници, Џастин морал да се извинува.

Премиерот на Канада бил забележан како јаде чоколадо за време на ноќната седница, нешто што е спротивно на правилата во парламентот, кој им дозволуваат на членовите на парламентот само да пијат вода.

Еден од припадниците на опозицијата прво сугерирал дека Трудо крие ѓеврек под својата маса и укажал на тоа дека премиерот ги прекршил правилата.

„Премиерот ова место веќе го извалка со корупција, не е потребно дополнително да го уништи со сенф“, изјавил еден член од опозицијата.

„Се извинувам, тоа беше чоколадо“, изјавил Трудо веднаш по реакцијата на неговите колеги во собранието.

Scroll to Top