(Видео) Преживеал пад со хеликоптер, но го убило леталото што дошло да го спаси

Колумбиец преживеал пад со хеликоптер. Но, тој го загубил животот откако врз него паднал втор хеликоптер кој дошол по него во спасувачка мисија, пишува „Индипендент“.

Видеото објавено на интернет покажува како спасувачкиот хеликоптер кружи над рушевините на паднатото летало, по што пилотот ја загубил контролата и хеликоптерот се урнал. Несреќата се случила на 15 април во планините во јужниот дел на земјата. Како што стои во соопштението, станува збор за вработен во компанијата „Хелифи“.

Од полицијата наведуваат дека првиот хеликоптер паднал поради техничка грешка, по што друг бил испратен на местото на настанот, но и тој имал одредени технички тешкотии, па се урнал.

Scroll to Top