(Видео) Преживеал сам во океанот 28 часа опкружен со ајкули

Брет Арчибалд, бизнисмен од Јужна Африка, во 2013 година, ги минал најтешките моменти во неговиот живот. Тој за време на едно патување со неговите пријатели, паднал од бродот и поминал сам во океанот 28 часа.

Туристичкиот брод со кој патувал, пловел долж брегот на Индонезија. Брет почнал да чувствува болка во стомакот. Претходно истиот ден на 17. април, тој купил храна од уличен продавач. Се испоставило подоцна дека се отрул.

Малаксан и слаб, Брет се потрпел на оградата од бродот, но паднал во водата околу 14:30 часот. Набрзо потоа сватил што се случило. Уплашено викал по своите пријатели, но околу него немало кој да го слушне.

Кога успеал да се присобере, почнал да плива бавно, чувајќи ја својата енергија и чекајќи некој да го спаси. Одеднаш во длабочината забележал темни сенки и почнал да станува свесен дека веројатно не е сам.

Индискиот океан важи за еден од најопасните океани во светот. Тоа е најмалиот океан на Земјата, но е познат по бројните видови на ајкули, особено големите бели ајкули. Покрај ајкулите, Индискиот океан е познат и по опасните отровни животни, како што се медузите.

„Само забележав ајкула пред мене и си помислив, „Боже, колкава е“. Изгледаше како автобус. Сватив дека станува збор за Црно-риффова гребенска ајкула, позната по црните врвови на перките, вид кој не ги јаде луѓето“, вели Брет.

Си помислил дека таа му е можеби единствената шанса за да преживее.

„Сакав да се фатам за неа и да ме одвлече до гребените. Но, отплива од мене, а со тоа и мене ми потонаа сите надежи“, вели Брет.

Како доаѓала ноќта, Брет само лесно пловел и размислувал за сопругата, доживувајќи го нејзиниот лик во мислите, со цел да му даде сила за да продолжи за да преживее. Тогаш почувствувал огромна болка. Наишол на отровна медуза која го печела по главата и остатокот на телото.

Вели дека не се сеќава како успеал да ја преживее ноќта, а утрото го дочекала нова криза. Освен со перките на ајкулите и медузите, кои повремено ги забележал, Брет се соочувал и со идејата дека тоа е неговиот крај. Дека ќе умре и никогаш нема да го пронајдат.

Во еден момент одлучил да и се препушти на судбината и да потоне. Сепак, по минута време помината под вода, му проработел инстинктот за преживување и повторно почнал да плива кон површината.

Неговите пријатели кои на бродот забележале дека Брет го дури во 16 часот попладнето. Затоа што не му било добро, претпоставиле дека можеби заглавил во тоалетот.

Во паника, го побарале капетанот и го замолиле да биде пребаран целиот брод. Но, не го нашле. По повеќе од 28 часа минати во опасните води, Брет успеал да преживее.

Го нашол австралиски капетан, на 20 километри источно од брегот Сипора. Имал бројни изгореници по телото, што од сонцето, што од медузите. Бил сериозно дехидриран, но на крајот Брет вели дека е благодарен што успеал да се спаси.

 

 

 

Scroll to Top