(Видео) Путин јаваше коњ заедно со полицајки

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера, во пресрет на Денот на жената, го посети првиот оперативен полк на Министерството за внатрешни работи на Москва, каде што јаваше коњ заедно со женскиот коњичкиот полк.

Путин, облечен во фармерки и јакна, направи неколку кругови на кафеав коњ, додека го следеа 15 припаднички на Полкот на бели коњи и во униформи, според „Ројтерс“.

Потоа тој на Полкот му подари коњ што го нарече Златен зрак.

Рускиот претседател рече дека жените се сè повеќе заинтересирани за работа во институциите за спроведување на законот и дека  една четвртина од вработените во Министерството за внатрешни работи се жени.

Владимир Путин испрати честитки по повод Меѓународниот ден на жените, посакувајќи им многу здравје и среќа и потсети на способноста на жените да бидат успешни и на работа и во семејството.

Тој истакна дека жените се доверливи соработници и одговорни управници, и дека е тешко да се замисли историјата и развојот на Русија без креативниот придонес на големите жените во Русија.

Рускиот лидер во име на сите мажи, рече дека понекогаш не е лесно да се биде достоен за очекувањата на жените.

„Сепак, ние ќе направиме сè што е во наша моќ за  жените да ја почувствуваат нашата голема поддршка и дека секогаш можат да се потпрат на нас, и а запомнат дека ние ги цениме во текот на целата година, а не само за време на празниците“, рече Путин.

Scroll to Top