(Видео) Путин прави кинески кнедли

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела престојувал во посета на Кина, при што се обидел во слободното време да направи кнедла, нешто што се смета за локален специјалитет во Кина. Не се покажал баш во најдобро светло.

Девојката што готвела пред кинескиот и рускиот лидер се обидела да му помогне, но ниту тоа не било доволно.

По неколку обиди, Путин кренал раце, но сепак добил пофалби од кинеските политичари поради обидот.

Путин остварил средба со кинеските претседател и премиер, при што се обидел да реши неколку важни прашања во врска со зацврстувањето на соработката на двете држави.

 

Scroll to Top