(Видео) Путин за малку ќе загинел во подморница на дното на Финскиот залив

Рускиот претседател Владимир Путин, можел да настрада за време на неговата посета на островот Гогланд, додека со мини-подморница, го разгледувал дното на Балтичкото море. На батискаф на дното на Финскиот залив имало подводни мини, кои ги поставиле Германците во Втората светска војна, пренесуваат светските медиуми.

Маринците од Балтичката флота, за време на посетата на рускиот претседател, ги пронашле и ги елиминирале.

„И на самиот остров забележавме и неутрализиравме голем број на мини од времето на втората светска војна. На морското дно, со помош на миноловецот „Александар Обухов“ откривме цело минско поле од германски мини, кои со помош на роботизирана подводна техника, ги уништивме на лице место“, изјавил командантот на Балтичката флота, адмирал Александар Носатов, за весникот „Црвена ѕвезда“.

Путин за време на подводната мисија имал можност да го види потонатиот брод од 19 век, кој бил откриен претходно од група археолози. Тој се спуштил со подморницата од типот „ШЧ-308“.

Путин и претходно во 2013 бил бил во посета на овој остров. Тогаш шефот на државата се запознал со проектите кои се реализираат во Балтичкото море во рамки на програмата на Руското географско друштво и нивното истражување на длабоките води, а посетил и студентски камп, каде разговорал со учесниците од експедицијата „Гогланд-2013“.

И тогаш Путин со мини-подморница се спуштил на дното на морето, за да го разгледа воениот бродот „Олег“, кој потонал во 1869 година.

Scroll to Top