(Видео) Путин заспа додека украинските олимпијци поминуваа во Пекинг

Претседателот на Русија, Владимир Путин, заспа денеска на отворањето на Олимпијадата во Пекинг, додека пред него поминуваа украинските олимпијци. Тој за момент ги затвори очите додека олимпијците го вееја украинското знаме.

Дел од светските медиумите пренеоа дека Путин се преправал дека спие и на тој начин ги игнорирал Укранците и на тој начин им упатил порака до нивните политичари и државата пред чија граница има распоредено повеќе од 100.000 војници.

За потсетување, голем дел од европските земји ги бојкотираа Игрите во Пекинг. Путин дојде на покана на кинескиот претседател Си Џипинг, но за разлика од него, тој не ноеше маска и покрај строгите епидемиолошки мерки.

Scroll to Top