(Видео) Реакцијата на Цукенберг кога му рекоа да ги сподели своите лични податоци

Марк Цукенберг воопшто не бил среќен кога на сослушувањето пред Конгресот поради протекот на личните податоци на корисниците на Фејсбук без нивно знаење морал да даде одговор на личните податоци за себе.

Всушност, чекаше цели 8 секунди, правеше гримаси и дури потоа одлучи да ги сподели личните податоци за себе.

Сенаторот Дик Дурбин во текот на јавното сослушување го запрашал дали му е згодно пред сите да го сподели името на хотелот во кој отседнал претходната вечер?

Истиот момент Цукенберт ја сватил сериозноста на ситуацијата и прашањата пред кои се најде во текот на интезивното испрашување во врска со дигиталната приватност.

По неколку секунди, одговорот на Марк Цукенберг гласел: „Ммм, не“.

Иако не сакал да ги открие одредените лични податоци во врска со себе, Цукенберг сепак пред Конгресот морал да се извини поради протекувањето на личните податоци на другите луѓе, без нивно знаење на трети лица преку Фејсбук.

Погледнете како изгледаше неговото извинување на следниот линк:

Scroll to Top