(ВИДЕО) Реклама со голи стјуардеси го „запали“ интернетот

За некои ова е чист сексизам, и непочитување на жените…

Казахстанскиот портал за туризам „Чокотравел“ е обвинет за сексизам и вулгарности, по објавувањето на новата реклама за секси стјуардеси.

Видеото покажува голи стјуардеси кои промовираат различни авио-компании и продаваат авионски карти по поволна цена.

Корисниците на социјалните мрежи реагираа различни: На некои им се допадна, други велат дека „сексот повеќе не продава“, а најмногу ги има од оние кои се огорчени поради вулгарноста и експлоатацијата на нагонот на женското тело во рекламирањето.

„Убави девојки во овој оглас нема ништо срамотно“, изјави еден корисник: „По мое мислење, тоа е неуспех“, напиша еден коментатор.

„Сваќам дека станува збор за „сексизам“, непознат за оние кои ја смислија рекламата. Вакво нешто може да мине само во земјите од третиот свет“, изјави Александра Прошенко.

„За мене, како жена ова е непријатно“, напиша Гулзханат Рускали.

На видеото вниманието го свртеа и некои од западните медиуми. На пример, британскиот таблоид Дејли Мејл рекламата ја нарече „чудна“ пренесува Спутинк.

 

Scroll to Top