(Видео) Рибар нашол необичен камен и станал милионер

Рибарот Нарис Саванасанг од Тајланд на плажата во Наон Си Тамарату, на југот од земјата, открил необичен камен.

Саванасанг, кој претходно заработувал околу 500 долари месечно,  би можел да добие околу 2,6 милиони долари за своето откритие.

Тој пронашол амбергрис, повраќаница од кит. Ги повикал роднините да му помогнат да го однесат каменот дома, за подобро да го испитаат. На почетокот мислеле дека станува збор за амбри, кој може да се користи за производство на парфеми, како „Шанел број 5“, парфем чиј мирис трае подолго.

Го тестирале палејќи го со запалка. Супстанцата брзо почнала да се топи, ослободувајќи необичен мирис, со што се потврдило дека не станува збор за обичен камен, туку необичен пронајдок, тежок околу 100 кила.

Како што вели Нарис, тој веќе контактирал неколку заинтересирани купци, кои му понудиле големи суми пари, дури до 2,6 милиони долари. Дури и да добие дел од тие пари, Нарис вели дека ќе биде задоволен.

Тој сега чека на одговор од експертите да потврдат дали навистина пронашол повраќаница од кит на крајбрежјето. Инаку, амбергрис настанува во организмот на китот. Китот потоа повраќа слуз, кој подоцна се стврднува и има непријатен мирис, додека плови на површината на океанот, понекогаш и по неколку години. Подоцна, оваа топка, која личи на камен, го губи непријатниот мирис и се користи како многу скапа состојка за производство на скапи парфеми.

На пример, во 2016 година парче килибар од 1,57 килограми било пронајдено во Ланкашир и  било продадено за 50.000 фунти, а истата година тројца рибари од Оман извадиле 80 кг повраќаници од кит и го продале за 3 милиони долари.

Scroll to Top