(Видео) Робот нацртал уметничко дело кое е продаденo за помалку од 700.000 долари

Роботот Софија на компанијата Hanson Robotics нацртал уметничко дело кое било продадено за сума од 688.888 долари. Роботот Софија го преработил уметничкото дело на познатиот италијански сликар Андреа Бонацето.

Софија е мултиталентиран робот кој умее да говори, да се шегува, да пее и да создава уметност. Тој преработил еден од неговите портрети и го претворил во дигитална уметничка слика. Видеото од 12 секунди го објавиле на социјалните мрежи.

Од компанијата велат дека роботот Софија ќе продолжи да слика, но во иднина ќе навлезе и во светот на музиката. Тој веќе работи на неколку музички дела во проектот наречен „Софија Поп“, каде соработува со музичари кои пишуваат музика и текстови.

Scroll to Top