(Видео) Роботи подготвуваат и служат храна во олимпиското село во Пекинг

Кина дополнително ги заостри мерките во борбата против короната, пред почетокот на отворањето на Зимките олимписки игри.

До нивното официјално отворање има уште 2 недели, а властите прават сè за да се намали бројот на луѓето во олимпиското село. Меѓу останатото вклучени се и роботи кои прават и служат храна.

Новинарите кои дојдоа порано во селото ги снимија роботите кои ги заменија готвачите и готвачките и келнерите и келнерките. Тие прават и служат тестенини, плескавици и ориз.

Роботите го прават целиот процес од подготвување пакување и испорака, сè со цел да се намали контактот и можноста за пренос на опасниот вирус.

Scroll to Top