(Видео) Чекаме син и ќерка објавија Роналдо и Георгина

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина открија дека чекаат син и ќерка. Фудбалерот објави видео со неговите 4 деца како пукаат балони и паѓаат розови и сини конфети.

„Таму каде што животот започнува, а љубовта никогаш не завршува“, напиша Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Видеото за кратко време беше видено 8 милиони пати, а доби повеќе од 2 милиони лајкови. Роналдо и Георгина добија голем број убави коментари и честитки.

„Честито“, „Убаво“, „Слатко, плачам“, им порачаа фановите.

За потсетување, Роналдо има четири деца, синот Кристијано Џуниор, кој го доби со жена чиј идентитет засега не го има откриено. Тука се и неговата ќерка Ева и синот Матео, кои ги роди сурогат мајка, а неговата ќерка Алан Мартин ја доби со Георгина Родригез.

Scroll to Top