(Видео) Русин го касна змија додека изведуваше опасен трик

Русин од Астрахан сакајќи да се пофали пред колегите со еден трик како голта змија, починал од нејзиното каснување. Змијата го каснала за јазикот, а Русинот не починал веднаш. Експертите велат дека самото каснување не било смртоносно, но, отровот е.

Тој починал неколку часа подоцна откако бил примен во болница. Паднал во анафилатктички шок, откако јазикот целосно му отекол. Лекарите се обиделе да му помогнат, но, безуспешно. Голтањето змии е доста популарно во овој дел од земјата.

Надлежните ги повикале мештаните да не ризикуваат со изведување на вакви опасни трикови.

Scroll to Top