(Видео) Русите ја претставија лимузината на Путин во форма на кабриолет

Русите за време на подготовките за прославата на „Денот на победата“, која традиционално ќе се одржи на 9 мај, за прв пат го претставија кабриолетот марка aurus без камуфлажна заштита.

Масовното производство на овој тип на автомобили ќе почне во 2020 година, а се проценува дека годишно ќе се произведуваат околу 5000 возила, во наредните седум до осум години.

Во меѓувреме, ограничената серија на овие руски возила веќе е продадена по неверојатна цена од околу 150.000 долари. Оваа руска автомобилска марка, освен луксузни возила, во својата понуда има и претседателска лимузина во која се вози и Владимир Путин.

Scroll to Top