(Видео) Русите ја срушија телевизиската кула, поради годинашниот Мундијал

Како дел од програмата за разубавување на градот за овогодинешното Светско првенство во фудбал, рускиот град Јекатеринбург ја сруши својата најпозната знаменитост, старата, никогаш завршена телевизиска кула од советската ера, која се наоѓала во центарот на градот.

Локалните власти во 11 градови домаќини, вклучувајќи ја и Москва, Сочи, Санкт Петербург и Јекатеринбург, работат напорно за да се подготват за првенството кое ќе трае од 14 јуни до 15 јули.

Но, во Јекатеринбург, стогина луѓе се спротивставиле на рушењето на телевизиската кула, со контролирана експлозија. Еуген Кувашев, локално официјално лице, ја бранел одлуката да се сруши овој објект.

 

„Никој сериозно не верува дека градот треба да има таков симбол“, изјавил тој за медиумите.

ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА БИЛА ВИСОКА 219 МЕТРИ

Иван Волков, 39 годишниот адвокат и шеф на мнозинството кое се противи на рушењето на кулата, изјавил дека овој објект е висок 219 метри бил дел од идентитетот на градот.

„Сега е симбол за тоа како властите го понижија народот затоа што одлуката е донесена без консултација на јавноста. Тоа не требало да се направи“, изјавил тој за Ројтерс.

Градбата на кулата почнала во 1983 година, но никогаш не била завршена затоа што Советскиот сојуз се распаднал.

 

 

Scroll to Top