(Видео) Русите ќе градат свој Лас Вегас

By

Русите планираат да си изградат еден свој тип на Лас Вегас. Тие ја прошируваат својата инфраструктура кај одморалиштето Краснаја Пољана, место кое е под административна јурисдикција на градскиот округ Адлерски на градот Сочи во Краснодарски крај.

Крајот на проектот се очекува да се случи до 2026 година.

„Планираме да ги модернизираме објектите во одморалиштето. Во наредните пет години ќе ја прошириме и прилагодиме инфраструктурата на коцкарската зона Краснаја Пољана и ќе направиме еден вид на модел како во Лас Вегас“, рече за „ТАС“, Дмитриј Анфиногенов, шефот за развој на проектот.

Плранирано е и проширување на постоечкото казино Бумеранг, да  се постават нови сали за автоматите и бесплатен влез во врвниот ресторан „Брунело“.

Свеченото отворање на новиот ресторан во одморалиштето Рос Хутор, исто така е планирано да се случи годинава или евентуално наредната во 2022.

Реновирањето на хотелот Бунос е во тек, а дополнителните соби ќе бидат додадени во наредните месеци. Ќе има и спортски и забавен простор во „Воу Арената“, која ќе биде обновена на есен. Ќе биде и отворн нов театар на другиот кат на казиното во Сочи.

Изведувачите на проектот планираат и реструктурирање на одморалиштето, а главниот профит го извлечат од забавните услуги, а не коцкањето. Но, наведуваат дека зоната за коцкање ќе биде прилагодена на онаа од најголемите меѓународни забавни центри.

Коцкарската зона Краснаја Пољана во моментов ја претставуваат три коцкарници, казино во Сочи, зала за автомати Бонус и казиното Бумеранг. Зоната за коцкање исто така вклучува и театар, хотелот Бонус, неколку ресторани и спортско забавниот простор „Вау Арената“.

Од отворањето во 2016 година, коцкарската зона Краснаја Пољана ја посетиле преку 2 милиони луѓе, од 155 земји. Казиното Сочи во 2018 година ја освои московската награда за живот и бизнис како најдобар руски луксузен забавен проект.

 

Ќе ви се допадне

Watch Kimagure Orange Road TV Pilot Episode Full

Website https://animetv.cc: Watch Spring and Chaos (Dub) animetv Episode Full all anime tv

Website https://aniwatch.pro: Watch Armored Fleet Dairugger XV (Dub) aniwatch Episode 52 anime online

AnimeKisa Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Oyaaa: https://oyaaa.net/AnimeFreak

Gogoanimelol wixsite: https://gogoanimelol.wixsite.com/my-site