(Видео) Русите ќе прават база на Месечината

By

Руската агенција за вселенско истражување Roskosmos во иднина има во план да го проучи адаптирањето на човечкиот организам на Месечината. За оваа цел во програмата од неодамна биле вклучени и луѓе од рускиот центар за вселенска медицина под името „Селена-Ф“.

Научниците кои работат на новите вселенски проекти сега откриваат и други планови кои вклучуваат истражување на вселената. Главната цел на истражувањето е да се открие колкав период на Месечината може да издржи човечкиот кардио-васкуларен и мускулно-скелетен систем и како би можела гравитацијата да влијае на него.

Во видеото директорот на рускиот Институт за вселенска медицина, доктор Виктор Баранов, објаснува како работата на центарот може да помогне, не само на вселенската медицина и психологија, туку и во изработката на посебни униформи за луѓето.

Колонизација на Месечината

На втората снимка, научниците даваат информации за плановите за колонизација на Месечината, додека доктор Игор Митрофанов објаснува колку е значајна водата која се наоѓа под површината на Месечината.

Оваа ледена вода може да содржи траги на меѓупланетарни, па дури и меѓуѕвездени материјали, па Митрофанов нагласува дека ако овој материјал го донесеме на Земјата и го проучиме, еден ден ќе може да ни помогне да ја откриеме тајната за појава на живот на Земјата.

Во видеозаписите се наоѓа и снимка која дава фасцинантни детали на руско-американска програма за враќање на планетата Венус, позната и како Венера-Д.

Венера Воронов, главниот дизајнер на проектот Венера-Д, која работи за воздухопловната компанија, специјализирана за производство на ракетните компоненти, дава детали за строгите барања од новата програма Венус.

Во програмата според Воронов, планирани се специјални возила за слетување како и атмосферски детектори кои ќе можат да издржат и по неколку дена во лошите временски услови на површината на планетата.

Русија и целиот свет имаат заедничка визија, еден меѓупланетарен простор, кој е опкружен со гасовити џинови како што се Сатурн, Уран и Нептун.

 

 

Ќе ви се допадне