Новиот руски воен хеликоптер „ми-38Т“ ќе биде претставен во мај поради дополнителни испитувања, соопштија од фабриката во Казан, каде се произведува овој тип хеликоптери.
Како што се наведува, станува збор за хеликоптер кој се изработува по налог на Министерството за одбрана на Русија. По испитувањата во фабриката во Казан ќе се почне со масовно производство, а првиот хеликоптер треба да биде испорачан за користење на крајот на годината.
Новата верзија на хеликоптери има голема разлика во однос на претходната „ми-38“. Тој е побрз и поголем. Сите компоненти се направени во Русија, а зголемен му е и дострелот на леталото.
Инаку, станува збор за среднотежок повеќенаменски хеликоптер кој се користи за растојанија со средна оддалеченост. Може да извршува задачи во текот и на денот и ноќта, во различни климатски и временски услови.
Може да пренесе до 30 патници или пет тони товарво кабината, како и шест тони во надворешниот дел.