(Видео) Руска мотоблогерка загина на автопат

Популарната руска мотоблогерка Олга Петрова (22), која со години важела за најзгодна и најубава бајкерка, загина во судар на автопат во Москва.

Таа се судрила со автомобил марка „волво“, а сè уште не е јасно како се случила несреќата. Според некои извори, автомобилот се преместувал од лента во лента, без претходно да даде предупредување, но полицијата смета дека Олга пребрзо го возела својот мотор и дека поради тоа немала доволно време за да реагира.

Покојната бајкерка на Инстаграм ја следеа повеќе од 63 000 луѓе, а била популарна и на руската социјална мрежа VKontakt. Голем број нејзини обожаватели оставиле пораки со сочувство, напоменувајќи дека таа била многу убава и дека го сакала својот мотор.

 

 

Scroll to Top