(Видео) Се качуваат на гајби за млеко, па кога ќе паднат добиваат тешки повреди, опасен предизвик се шири на социјалната мрежа Тик-ток

Еден од последните предизвици кои се шират по социјалните мрежи е качување по пластични гајби за млеко, сè до моментот додека не изгубат рамнотежа и не паднат. Лекарите предупредуваат дека на овој начин лицата добиваат сериозни повреди и дека ова е поопасно од пад од карпи.

Како што пренесува „Гардијан“, во предизвикот „кутија за млеко“, кој од неодамна почна да се шири на „Тик-ток“, учесниците земаат неколку големи пластични кутии за млеко, ги ставаат една врз друга, во облик на пирамида и се обидуваат да се качат на врвот, а потоа и да се симнат.

За тоа време целата конструкција не смее да се преврти. Видеоснимките од болните падови се популарни на интернет, а некои од нив се прегледани повеќе од милион пати. Лекарите предупредуваат дека на овој начин настануваат сериозни повреди.

„Тоа е можеби полошо отколку да паднете од карпа“, вели Шон Ентони, ортопед и хирург во болницата Маунт Синаи во Њујорк.

„Многу е тешко да се подготвите за вакви падови какви што видов во видеата. Ризикуваат силни сериозни повреди на зглобовите“, рече тој.

Некои доктори во оваа приказна успеаа да ја вклучат и короната, па ги предупредија актерите кои сакаат да го изведат новиот предизвик, дека можеби нема да добијат адекватна медицинска нега, ако се повредат, затоа што болниците ќе бидат преоптоварени со ковид-пациенти.

Џорџ Гантсудс, ортопед и хирург од Вирџинија, напиша на „Твитер“: „Ортопедските операции кои се потребни за санирање на ваквите сериозни повреди, настанати од вакви падови, спаѓаат под таканаречените „елективни операции“, односно, оние кои не се итни“.

Во понеделникот, од здравствената канцеларија од Балтимор напишале на „Твитер“: „Со оглед на тоа дека бројот на хоспитализирани лица е зголемен ширум земјата, информирајте се во вашата локална болница дали има место за вас, пред да го прифатите овој предизвик“.

Управата за храна и лекови (ФДА), исто така се огласи за оваа работа, откако комичарот Конан Обрајен се пошегува дека му е потребно нивно одобрение пред да го прифати предизвикот, поврзувајќи го тоа со издавањето одобрение за примање „фајзер“  против ковид.

„Чекам одобрение од ФДА, пред да го прифатам предизвикот со кутии од млеко“, напиша Обрајан на „Твитер“ во понеделникот. Недолго потоа, стигна одговор од ФДА: „Иако ние го регулираме млекото, не ви препорачуваме да го пробате предизвикот со кутиите. Може да си ставите чаша млеко, а кутиите потоа да ги вратите во продавница“.

Предизвикот со кутии од млеко е последен од низата потенцијални опасни предизвици, кои станаа вирални на „Тик-ток“. Последните месеци на оваа платформа се појавија неколку, вклучувајќи blackout challenge, предизвик со онесвестување, во кој младите и децата го задржуваат здивот, сè до моментот додека не се онесвестат, како и Benadril izazov, во кој младите намерно земаат големи количини на антихистаминик, за да предизвикаат халуцинации.

Во службената изјава за овој последен предизвик, портпаролот на „Тик-ток“ рече: „Тик-ток ги забранува сите содржини кои промовираат опасно однесување, а ние ги отстрануваме таквите снимки и ги пренасочуваме пребарувањата на страниците со упатства за да го обесхрабриме таквото опасно однесување. Ги потикнуваме сите да бидат внимателни, како на мрежата, така и во реалниот живот“.

Scroll to Top