(Видео) Се онесвести за време на сослушувањето, се откри најголемата корпуција со нафта во Нигерија

Нигериецот Даниел Пондеи се онесвестил во понеделникот за време на телевизискиот пренос од парламентарното сослушување.

Ваквото сослушување се одржало во рамките на истрагата за лошото раководење на организацијата за поттикнување на економскиот развој во регионот на Нигер Делта, кој е богат со нафта.

Пондеи, кој бил вршител на должноста генерален директор на Нигериската комисија за развој на делта (NDDC), бил префрлен во болница кога за време на седницата, каде што сведочел, пред комисијата, се онесвестил, пренесува „Ројтерс“.

Кога се онесвестил, луѓето околу Пондеи го подигнале обидувајќи се да го спречат да се задуши, наведува агенцијата.

Пратениците во Претставничкиот дом, долниот дом од парламентот, ја истражувале наводната корупција во врска со набавките во NDDC, владиното тело, во период подолг од 20 години. Истрагата ја наредил претседателот Мухамад Бухари во октомври.

Нигер Делта и понатаму останала сиромашна земја и покрај тоа што обезбедува голема количина нафта произведена во најголемиот африкански извозник на сурова нафта.

Пред да се онесвести Пондеи изјавил дека во NDDC не недостигаат пари откако тој седнал на функцијата во февруари оваа година.

„Сè што направивме е во согласност со процедурите“, изјавил тој, а пренесува „Ројтерс“.

Нафтата е главен извоз во Нигерија и носител на нејзината економија, која е најголема на африканскиот континент.

Scroll to Top