(Видео) Се сруши руски авион во Сирија

Рускиот воен авион „су-30 см“ се срушил недалеку од брегот на Латакија во Сирија, а двата пилота загинале, соопштиле од Министерството за одбрана на Русија.

Пилотите залудно сѐ до последниот момент се обидувале да го спасат леталото. Тие полетале од руската воздухопловна база „Химјемин“ во сириската провинција Лакатија, соопштиле од Министерството за одбрана на Русија.

На авионот не било пукано, ниту го погодил проектил. Според прелиминарните информации, причината за падот на рускиот повеќенаменски воен авион „сухој-30 см“ можела да биде птица, која завршила во моторот, соопштиле од руското Министерство за одбрана.

Ваквиот тип на авион е четврти во генерацијата на руските авиони и е еден од најнапредните авиони во руското воздухопловство.

Scroll to Top