(Видео) Се запали автобусот на Црвена звезда додека се славеше титула

На улиците на Белград настанал хаос откако автобусот со кој се возеле фудбалерите на Црвена звезда се запалил пред храмот Свети Сава.

Како што пренесуваат медиумите, фудбалерите на Звезда изглеле од возилото веднаш штом го забележале огнот, а славењето на прославата на титулата било за момент прекинато.

За среќа, ниту еден од присутните не бил повреден.

Причината за пожарот засега не е позната, но вреди да се спомене дека одреден број луѓе поседувале  приротехнички средства на прославата.

Фудбалерите на Звезда со автобусот тргнале кон храмот недолго по победата над Вождовац од 5:1 и прославата на „Маракана“.

Откако излегле од автобусот, фудбалерите на Ѕвезда продолжиле со шампионската прошетка и славењето продолжило во еден од рестораните во Белград.

 

Scroll to Top