Се запали облакодерот Abbco Tower во градот Шарџа во Обединетите Арапски Емирати, пишуваат светските медиуми. Пожарот избувнал на 10. кат од висококатницата, која вкупно има 48 ката.
Шарџа е град кој се наоѓа на Персискиот Залив и е дел од Обединетите Арапски Емирати. Тој е дел од градското подрачје на Дубаи Шарџа Ајман и е трет наголем град во УАЕ.
„Слушнавме викотници и наеднаш, за неколку секунди се појавија голем број пожарникари. Сирени одекнуваа на сите страни од улицата. Бев исплашена за моето семејство. Ги земав моите најмили со мене и побегнав“, изјавила Саманта од Зимбабве, која просведочила на несреќата, пренесува Khaleej Times.
Надлежните ги презеле сите потребни безбедносни мерки, а како резултат на дополнителна заштита, биле евакуирани и станарите од петте згради кои се наоѓале во близина на облакодерот.