(Видео) Шеесетгодишен маж во знак на протест против ковид пропусниците, се качи на кула висока 190 метри

Шеесетгодишниот Ален Робер, познат и како францускиот Спајдермен, во знак на протест против ковид пропусниците, почнал да се качува на кула висока 190 метри во квартот Ла Дефенс, на периферијата на Париз.

Обично вели дека се качува сам, но, ова е првпат со него да бидат уште тројца млади момци.

„Ова го правам како еден вид на протест против здравствените пропусници. Тоа е задирање во темелната слобода. Пропусниците се срамота“, рече Ален пред да почне да се качува.

„Со ова сакаме да му оддадеме и почит на Жан Пол Белмонд, кој и самиот се качуваше“, додал Ален.

Тој се прослави во светот по качувањето со голи раце, обично без никакво дополнително осигурување и без одобренја на повеќе од стотина небодери и други урбани споменици.

Во март 2020 година се качи на кулата Агбар во Барселона, протестирајќи проив стравот од коронавирусот.

Scroll to Top