(Видео) Шефот на Мексико го продава претседателскиот авион

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, веќе трета година по ред сака да го продаде својот авион. Откако ја презеде  должноста на 1 декември 201 година, претседателот одлучи да го продаде „боингот 787“ затоа што бил многу луксузен, пренесува „Асошиејтед прес“.

Лопез Обрадор за себе вели дека е штедлив човек и се гордее со тоа. Лета само со комерцијални летови и само еднаш има патувано во странство. Тој признава дека тешко му е да го продаде авионот, затоа што бил премногу спеицијализиран и направен по нарачка.

Авионот е купен за 200 милиони долари, а го користел претходниот претседател Енрике Пења Нијето. Тешко е да го продаде затоа што е дизајниран за превоз на само 80 патници и има комплетен претседателски апартман со приватна бања.

Експертите велат дека би било премногу скапо тој да се претвори во типичен патнички авион со 300 патнички места.

Scroll to Top