(Видео) Силен дожд ги поплави улиците во Лондон

Силен дожд кој го зафати градот Лондон, поплави голем дел од улиците во градот, а сообраќајната мрежа се соочува со блокада. Како што пренесува „Дејли Мејл“, метеоролозите издале таканаречено жолто предупредување, за поголемиот дел од Англија.

Тие додале дека силните дождови предизвикале сериозно пореметување на сообраќајот ширум земјата. Ова предупредување, кое се однесува на стотина километри од Лондон до Хартпул, значи дека постоиможност и за поплавени куќи и канцеларии, како и штета на некои објекти.

Во Лондон, поплавите ја погодија и лондонската подземна железница, Тауер бриџ и Северниот кружен пат.  Подвижниот мост е целосно под вода, а возачите на автобусите и автомобилите мака мачат да се пробијат преку мостот на Темза.

На Северниот кружен пат, возачите се предупредуваат на одложувања, додека дождот и понатаму предизвикува блокади и нарушување на работата.

Автобускиот градски и железнички сообраќај веројатно ќе касни, а некаде се можни и откажување на линиите. Возачите се предупредуваат на отежнати прилики во возењето што дополнително го продолжува нивното патување и можноста за затворање на некои патишта.

Scroll to Top