(Видео) Силен ураган ја погоди Грција

Ураганот Јанос ја погоди Грција, пренесуваат тамошните медиуми. Најновите прогнози покажуваат дека овој редок ураган би можел да биде најсилен во историјата на овие простори.

Надлежните велат дека очекуваат огромни количини дожд, поплави и ветер со јачина од над 200 километри на час. Во Грција е издадено предупредување од највисок степен.

Населението е повикано да се засолни на безбедно. Грчките власти предупредија дека Јанос би можел да биде проследен со силни ветрови и дожд во наредните два дена. Се очекуваат големи поплави и прекин на струјата.

„Јанос е сличен на другите бури, но многу посилен според интезитетот, распонот и времето на траење“, најави заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалијас.

Портпаролот на владата, Стелиос Пецас, изјавил дека сепак интезитетот и патот на ураганот не може прецизно да се предвидат.

 

Scroll to Top