(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди подрачјето околу Атина. Земјотресот се случил на длабочина од 12 километри, а епицентарот на 22 километри северозападно од Атина.

Од јачината на земјотресот луѓето биле присилени да излезат на улиците. Непогодата се случила околу 12 часот по локално време. Тресење се почувствувало и на меѓународниот аеродром во Атина, пренесува „Мирор“.

На социјалните мрежи се објавија бројни снимки од граѓани кои се нашле на лице место. Клер Винер објавила снимка од местото 32 километри оддалечено од Атина, каде се сличил земјотресот.

„Беше страшно. Се тресеа зградите. Никгаш не сум видела нешто слично. Не гледам штета, но расположението на луѓето се промени“, изјавила Клер.

Студент по име Карлос кој студира во Атина, вели дека кога се случил земјотресот таа се наоѓала во зградата на Универзитетот. Се тресел целиот објект, но немала никаква штета.

„Мислам дека целата работа траеше околу 7 или 8 секунди“, изјавил тој за „Мирор“.

Иако ова е прв пат како Карлод доживеал земјотрес, тој вели дека неговите колеги од Грција вакво нешто не почувствувале ни претходно. Иако штетата била минимална, над илјадници луѓе излегле на улиците поради претпазливост.

Канцелариите и трговските центри биле евакуирани, во случај да дојде до колапс на зградите. Локалните медиуми истаканле дека телефонските линии биле прекинато во прите минути по земјотресот.

Scroll to Top