Недалеку од брегот на островот Мајорка, популарното туристичко летувалиште, забележано е торнадо. Поради големиот дожд, издадено е предупредување за можни поплави.
Жителите на островот снимиле големи бранови кои од длабочините на морето надоаѓале кон брегот.
Локалните власти издале предупредување за можни поплави, а се очекуваат и големи врнежи. На жителите им е даден апел да се засолнат од најкритичните области затоа што може да дојде до големи лизгања на земјиштето.